Посетата на почесниот конзул на Македонија во Јапонија Матсатаке Матсуда на ЈП МЖ Инфраструктура претставува почеток за остварување на иницијативата за соработка помеѓу Македонските и Јапонските Железници. Целта на оваа средба е воспоставување на соработка која би се одвивала во сите полиња од заеднички интерес. Директорот Ирфан Асани на Матсуда му ја презентираше фактичката состојба во која се наоѓаат македонските железници истакнувајќи дека во овие три години е направено толку колку што не е направено во последните 20 год. Во период од само три години се направени работи што не се направени во текот на минатите 20 години, рече Асани, истакнувајќи дека за таа цел ја имаат и поддршката на владата на Република Македонија.
Посетата на почесниот конзул на Македонија во Јапонија Матсатаке Матсуда на ЈП МЖ Инфраструктура претставува почеток за остварување на иницијативата за соработка помеѓу Македонските и Јапонските Железници.
Целта на оваа средба е воспоставување на соработка која би се одвивала во сите полиња од заеднички интерес.
Директорот Ирфан Асани на Матсуда му ја презентираше фактичката состојба во која се наоѓаат македонските железници истакнувајќи дека во овие три години е направено толку колку што не е направено во последните 20 год.
“Во период од само три години се направени работи што не се направени во текот на минатите 20 години” рече Асани, истакнувајќи дека за таа цел ја имаат и поддршката на владата на Република Македонија.
Изразувајќи го своето задоволство за посетата на македонските железници и средбата со директорот Асани, почесниот конзул на Македонија во Јапониjа Матсуда истакна дека железницата и ден денес има најниски трошоци за одржување и е најбезбеден и најсигурен превоз.
Директорот Асани прифаќајќи ја поканта за посета на јапонските железници истакна дека голема чест и задоволство представува да се видат искуствата во железничкиот сообраќај од држава каде тој сообраќај е поставен на највисоко можно ниво и представуваат пионери во техничкиот развој на железниците.